Почетна
Почетна
„Боже Ти си мојот Бог, Тебе Те барам; за Тебе зажедне душата моја.
За Тебе копнее телото мое како земја пуста, неплодна и безводна!“
Псалм 63:1
Длабоко во себе, секој човек чувствува неодолива жед за Бог. И се бори против неа. Се обидува да ја задоволи со ропската покорност кон парите, славата, власта, телесните задоволства... Постепено животот ни станува вистински кошмар.
Но Бог, полн со љубов и милост, нуди начин за излез од празнината, незадоволеноста и беспомошноста. Тој Го предаде на смрт Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да се избави од ропството на гревот и да има вечен живот. Ни дава можност да го запознаеме Него и самите нас, преку Неговото Слово – Библијата. Со помошта на благодатта што ни ја дава преку Својот Дух, Тој ни помага да Го придобиваме Неговиот Божествен карактер и да го демонстрираме истиот во секојдневниот живот. Ни дозволува да проникнеме во Неговото величие и да се заситиме со Неговото блажено присуство.
Добредојдовте на страницата на црква „Добра Вест“